Оглас за вработување во Македонски Телеком

Оглас за вработување во Македонски Телеком

Македонски Телеком АД- Скопје е еден од водечките светски телекомуникациски оператори и како дел од Deutsche Telekom фупацијата овозможуваме кариера во меѓународно опкружување.Кога еден тим на стручни, креативни и исполнителни вработени работи заедно, резултатите и можностите се големи и бескрајни.


Служба за управување со даноци и фактури /Сектор за сметководство и даноци  Област на главниот директор за финансии

Ангажирање на позиција :

СОРАБОТНИК ЗА ПЛАТНИ ОПЕРАЦИИ
Ангажирање на лице на определено време за замена на вработена која е на породилно отсуство


Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место

Услови:

    Високо  или Вишо образование – Економски факултет или останати факултети
    0-1 години соодветно работно искуство
    Добро познавање на англиски јазик
    Напредно познавање на MS Office
    Познавање на македонскиот финансиски сектор


Работни задачи:

    Следење на дневната ликвидност по банкарски сметки
    Проверка на документацијата за исплата на денарски фактури
    Следење и евидентирање на прилив на девизни средства
    Подготовка на обрасци и проверка на документација за извршување на девизни плаќања
    Навремена и точна подготовка на извештаи за Народна Банка на Р. Македонија за месечен и тромесечен прилив и одлив на девизни средства
    Однос со девизен пазар во врска со следење на купопродажниот курс на валутите по банки
    Следење на проценка на банковни понуди кои се однесуваат на купување на девизни средства
    Дневна подготовка на извештај за целите на компанијата за состојба на депозити (по банки,валути со износи, каматни стапки и период на депонирање)
    Месечен преглед на состојба на депозити за сметководствени цели (по валута и период на орочување)
    Подготвува извештаи за готовински тек (биланс за денари, евра и долари, резиме


Способности и вештини:

    Одлични организациски способности, комуникациски вештини, способност да решава проблеми


Вашата биографија може да ја  оставите електронски на  апликацијата или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 или директно во Централната архива со назнака Молба за надворешен оглас – за работно место Соработник за платни операции

Огласот ќе биде објавен на ден 30.07.2015  година и ќе трае  до 04.08.2015

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667

Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00, односно, 40 часа неделно во прва смена.

Основна нето плата е во висина од  20.518,00 денари и додатоци на плата.

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Т-Мобиле Македонија  АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.


Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.