Оглас за вработување во Македонски Телеком

Оглас за вработување во Македонски Телеком


Оглас за ангажирање во Македонски Телеком АД Скопје

Служба за Управување со ИТ сервиси и канцалариска информатичка инфраструктура/Сектор за Управување со услуги и инфраструктура/Област на главниот директор за информатичка технологија
 
Работно место: Специјалист за Microsoft платформи и корпоративни решенија

Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место

Услови:

    Високо образование - Технички факултет - Електротехника, Технички факултет - Информатички науки и компјутерски инженерство, Природно математички факултет и други технички факултети
    3-5 години соодветно работно искуство
    Активно познавање на англиски јазик
    Напредно познавање на MS Office
    Напредно познавање на Windows оперативни системи и серверски апликации
    Добро познавања на ИТ стандардите и ITIL методологијата
    Напредно познавање на дополнителни ИТ алатки за поефективно решавање на проблеми со серверска инфраструктура


Работни задачи:

    Да ги анализира корисничките барања  и да предлага решенија за новите проекти и потреби за развој на дел или специфичен домен на Microsoft инфраструктура и останатите корпоративни решенија за поддршка на канцелариското работење

    Да води или учествува во ИТ проекти /корпоративни проекти поврзани со имплементација на нови ИТ сервиси или надградба на тековните, а кои се поврзани/ вклучуваат дел или специфичен домен на Microsoft инфраструктурата или ИТ системите за поддршка на канцелариското работење

    Да ги иницира, контролира и да дава придонес за набавните активности во однос на опрема, лиценци и услуги за Microsoft инфраструктурата и останатите ИТ системи за поддршка на канцелариското работење

    Да учествува во создавање планови и управување со потреби за лиценци за серверската и клиентската инфраструктура, планови за надградби на сервери, услуги и серверски апликации

    Управување и координација со давателите на услуги со кој имаме склучено договори за поддршка, во рамките на процесите за управување со инциденти и проблеми

    Да ги извршува сите активности за одржување и управување со перформансите на MS Windows инфраструктурата

    Да обезбеди ефективно спроведување на сите безбедносни директиви, регулативи и правила во однос на дел или специфичен домен на Microsoft инфраструктурата и останатите ИТ системи за поддршка на канцелариското работење

    Одговорен за администрацијата на безбедносните аспекти на ИТ инфраструктурите ресурси (персонални компјутери, сервери)

    Да учествува во креирање и развој на планови/процедури за Disaster Recovery за  дел или специфичен домен на Microsoft инфраструктурата и останатите ИТ системи за поддршка на канцелариското работење, контрола и тестирање на disaster recovery процедурите

    Подготвува и ја контролира подготовката и ажурирањето на техничката и проектната документација

    Подготвува и ја контролира подготовката на оперативна документација

    Да подготвува извештаи и анализи на претпоставениот за завршените активности, обезбедениот квалитет на ИТ услуги во рамките на групата, ескалира прашања и проблеми



Способности и вештини:

Напредни способности за комуникација, Напредни лидерски и координациски вештини, способности за организација на тим и работа во тим, Напредни аналитички способности и способност за дијагностика и решавање на инциденти/проблеми, самодоверба, посветеност, креативност, проактивност, аналитичност, способност за работа под притисок и кратки рокови.

Кандидатот кој ги исполнува горенаведените квалификации треба да достави доказ за завршено образование, писмо за намери   и биографија (CV со препораки и дипломи), на македонски и англиски јазик  

Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот линк www.kariera.telekom.mk или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Специјалист за Microsoft  платформи и корпоративни решенија

Огласот ќе биде објавен на ден 13.08.2015 година и ќе трае до 31.08.2015  

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667

Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00, односно, 40 часа неделно во прва смена.

Основна нето плата е во висина од 25.738,00 денари и додатоци на плата.

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком  АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.