Оглас за вработување во АМСМ

Оглас за вработување во АМСМ

Основан 1945 годината, постоењето и развојот на АМСМ, го обележаа низа структурални и организациони промени, некои како резултат на времето, а пак некои како одговор на потребата да се биде и да се остане поблиску до постарите, но и новите генерации.

Тенденцијата со препознатлив ентузијазам да одговориме на современите трендови во областа, значеше и континуирано проширување на портфолиото на услуги. Во таа смисла, денес АМСМ е во можност на своите клиенти да им обезбеди комплетни и софистицирани решенија и услуги.




ВОЗАЧ МЕХАНИЧАР – БАЗА СКОПЈЕ



КЛУЧНИ РАБОТНИ ОБВРСКИ:
- Помош на пат, Шлепување и Сервисни услуги (автомеханичарки, автоелектричарски работи)
- Тестирање и Дијагноза на возила
- Директен контакт со корисници

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Средно образование ССС – Машински, Електротехнички техничар
- Работно искуство од: автомеханика, автоелектрика, дијагностика на системите на моторните возила, возач на товарно возило-камион, најмалку 5 години
- Возачка дозвола за Б и Ц категорија (ќе се смета за предност Е)
- Основно познавање на MS Office
- Основно познавање на Англиски јазик, Германски и/или Турски јазик

СПОСОБНОСТИ И ПОТРЕБНИ ПРОФЕСИОНАЛНИ ВЕШТИНИ:
- Тимска работа
- Свесност за безбедноста на работа
- Практично учење
- Способност за работа во динамична средина
- Ориентираност кон корисниците


Доколку сакате да ни се придружете и да станете дел од нашиот успешен тим, ја очекуваме вашата кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик во електронска форма да ни ја доставите на vrabotuvanje@amsm.com.mk со назнака РАБОТА – Возач механичар – Скопје, најдоцна до 15 септември 2015.

Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.