Македонски Телеком објавува оглас за вработување... Се бара продажен преставник во продавница - за Дебар

Македонски Телеком објавува оглас за вработување... Се бара продажен преставник во продавница - за Дебар

Сектор за продажба за приватни корисниц -Тим Регион 3/ Област на Главниот оперативен Директор за приватни корисници

Работно место: Продажен преставник во продавница– за Дебар
Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место

Услови:
Вишо или Средно образование
1 година соодветно работно искуство
Добро познавање на англиски јазик

Работни задачи:
Исполнување на зададените продажни цели, индивидуални и тимски, по сите категории на сервиси од компанијата. Се ангажира максимално за зголемување на задоволството на корисниците на компанијата кои го посетуваат Продажното место
Врши постојано зголемување на нивото на up-sales/cross-sales во Продажното место, преку проактивно нудење на сите корисници кои ќе го посетат продажното место на некоја дополнителна услуга, дополнителна опрема
Ги почитува сите процедури и инструкции за работа, кои се однесуваат на работата во Продажното место и на склучувањето на договори со корисниците, активирањето на сервиси, тарифни модели, дополнителни услуги, наплата на фактури и останати услуги за корисниците. Максимално одговорно и професионално се грижи за сите уреди и артикли кои се предмет на продажба и за лагерот во Продажното место
Врши информирање и презентации на корисниците за производите и услугите на компанијата (нови кампањи, нови пакети и производи, тарифни модели, опрема, accesories и друго)
Да обезбедува максимално ниво на услужливост, љубезност и професионалност во комуникацијата со корисниците. Да се грижи за добри повратни реакции на корисниците на ICCA порталот
Да го почитува работното време и да ги следи правилата од Кодексот за добро однесување во делот на односот со корисниците
Внесува приговори на корисниците, им дава соодветни први одговори и управува со незадоволните корисници во Продажното место. Врши реконектирање на исклучени корисници и наплата на телефонски сметки, како и останати сервисни трансакции, во согласност со Директивите и Инструкциите за работа со корисници и за работа во Продажно место

Способности и вештини:

Комуникативност,тимска работа, организациски способности, инвентивност, преговарачки способности, способност за решавање на проблеми, аналитичност, креативност, познавање на новите технологии Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот линк или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Продажен преставник во продавница– за Дебар

Огласот ќе биде објавен на ден 03.09.2015 година и ќе трае до 21.09.2015


Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667

Работно време е во две смени.

Основна минимална нето плата е во висина од 11.244,00 денари, додатоци на плата и плус бонус за продажба.

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.