Оглас за вработување во Нептун

Оглас за вработување во Нептун

Трговското друштво за промет на големо и мало, производство и услуги НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО експорт-импорт Скопје (ул.”Качанички пат”, бр.56, Скопје, телефонски број 02/2656 737) распишува оглас за вработување на:


ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР

Со место на вршење на работните задачи во управната зграда во Скопје
(на определено време 3 месеци – 1 позиција)
    

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:

    Соодветно образование
    Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe InDesign, DTP
    Одлично познавање на англиски јазик
    Претходно работно искуство на иста или слична позиција
    Солидно познавање на MS office пакет


Како предности се земаат познавања од:

    Adobe Flash


Одговорности и работни задачи:

    Дизајн и графичко уредување на сите потребни материјали, летоци и сл.
    Дизајн и продукција на веб банери за веб страната на Друштвото
    Обезбедување на фотографии со висока резолуција и нивно прилагодување за дизајн
    Развивање креативни решенија за брендирање на продавниците НЕПТУН


Што нудиме?

    Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
    Континуирана обука
    Нето плата во износ од 24.000 денари  
    Работно време од понеделник – петок (09.00 – 17:00 часот)
    Неделното работно време е 40 часа


Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: vrabotuvanje@neptun.mk, со назнака:  “Оглас за графички дизајнер”

Огласот е активен до 15.09.2015 година

Општи правила за аплицирање:

    Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
    Назнака на позицијата за која се аплицира
    Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.