Фондација

Фондација "Илија Камчев" го објави конкурсот за доделување на стипендии

Фондацијата „Илија Камчев“ е основана од компанијата „Орка Холдинг“ во чест на Илија Камчев, основач на Компанијата, хуманист и филантроп.

Долгорочно гледано, воведувањето на оваа стипендија претставува сериозна инвестиција во здравствениот систем на Република Македонија, врз основа на светските стандарди и протоколи за лекување на пациенти.

Покрај образованието, фондацијата „Илија Камчев“ поддржува активности кон други сегменти во општеството кои се од интерес за пошироката јавност. Фондацијата поддржува и е активно вклучена во реализација на проекти и иницијативи кои придонесуваат кон развојот на уметноста и културата, хуманитарната дејност, спортот, издаваштвото, зачувувањето на животната средина.