Фактор.мк прослави три години постоење
05.10.2015
Категорија: Живот
Водечкиот економско-информативен портал на македонското интернет небо
“Фактор.мк“
денеска прославува три години постоење.
"По три години напорна работа, „ФАКТОР“ успеа да се етаблира на македонската медиумска сцена. Конзистентната уредувачка политика, квалитетот на понудените содржини, како и професионалниот пристап кој го имаме кон публиката и клиентите се главните одлики по кои сме препознатливи во изминатиот период од нашето формирање. Сега имаме веќе изградена и таргетирана публика, со дневна продукција на квалитетни вести, анализи, колумни, со клиенти од најразличен профил, меѓу кои се вбројуваат и најголемите компании во земјата, но и средни и помали, а толку значајни бизниси во македонската економија. Побрзо растевме отколку што проектиравме, што е дополнителна потврда дека не погрешивме во првичниот концепт за тоа како треба да изгледа еден сериозен економски информативен портал."
-
пишува Д-р Крсте Шајноски во
денешната роденденска колумна на Фактор.мк
.
Среќен родеден Фактор.мк!
Фактор.мк
економски портал
Tweet
Популарно
Најлајкувано
издвојуваме
КОЛУМНИ