Една неплатена сметка, остави без вода 4.000 студенти на Економски

Една неплатена сметка, остави без вода 4.000 студенти на Економски

Како што дознаваме, поради една неплатена сметка кон јавното претпријатие Вoдовод и канализација, денеска Економскиот факултет при УКИМ е исклучен од водоводната мрежа.

Се работи за долг од еден месец и тоа за месец февруари годинава.

Факултетското раководство бара начин да го реши проблемот, а во меѓувреме на вратата на тоалетите има натпис "Тоалетите не работата, нема вода".