Охридска банка вработува!

Охридска банка вработува!

Придружете му се на успешниот тим од професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка, Групација Сосиете женерал во референтна банка во односите со клиентите.

Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.

Тимскиот дух – нашата прва вредност, значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни врски засновани на почитување и доверба. Градењето на тимскиот дух значи возбуда и задоволство од меѓусебната поддршка и размена на знаење.

Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности што ги цениме се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.

Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународната групација со 150-годишна историја која може да Ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој.

МРЕЖЕН АДМИНИСТРАТОР
Локација: Охрид

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
Планирање и реализација на развојот на CORE мрежата на Банката, вклучувајќи имплементација и одржување на огнени ѕидови, L3 свичери, рутери, пристапни сервери, пристапните точки, WAN-мрежата;
Планирање и одржување на мрежното поврзување на корисниците во Банката;
Планирање на доделувањето на TCP/IP адресите во системот;
Надзор на DNS-контролорот преку кого Банката воспоставува централизирана политика на лозинки и контролни траги на ниво на цел информативен систем;
Надзор над работата на системот, грижa за воспоставените врски со МИПС, КИБС, ТENFORE, SWIFT, ROUTERS;
Надзор над работата на системот и грижа за воспоставените врски со eкспозитурите на Банката;
Надзор над работата и одговорност за делот на мрежно поврзување од системот за опоравување од катастрофа и делот на мрежно поврзување од системот за континуитет на работењето;
Надзор, инсталации и одржување на корпоративниот антивирусен систем и грижа за редовно ажурирање на базата на информации на корпоративната антивирусна програма;
Вршење надградба на работни станици со најнови сигурносни подобрувања на производителот на оперативниот систем;
Одржување на хардверската опрема во Банката (мрежа и мрежни уреди);

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
Завршен електротехнички факултет, отсек телекомуникации или информатика, или друг факултет за информатички и телекомуникациски науки ( предвид се и студенти пред дипломирање), или техничко образование со валидни сертифицирани обуки во делот на мрежни технологии и инфраструктура;
Задолжително поседување CCNA-сертификат;
Пожелно е кандидатот да поседува други сертификати од областа;
Пожелно искуство во поставување, конфигурирање и одржување на сигурносни мрежни уреди (Firewall’s);
Познавање на Microsoft Server околина (DHCP);
Познавање на Cisco VOIP технологии би било предност;
Тимски играч;
Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон постигнување резултати.

Заинтересираните кандидати што ги исполнуваат горенаведените услови, потребно е да испратат професионална биографија (CV) со придружно писмо, најдоцна до 18.10.2015 год. на адреса: kariera@ob.com.mk, со задолжителна назнака „За оглас: Мрежен администратор“.

Со испраќање на Вашата апликација, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.

Напомена:
Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.