Оглас за вработување во Алфа Банка АД Скопје

Оглас за вработување во Алфа Банка АД Скопје

Алфа Банка АД Скопје за потребите на Службата за информатичка технологија објавува оглас за следново работно место:

- Специјалист за информатички системи (програмер)

Работното место меѓу другото ги опфаќа следниве одговорности:

- Развивање и унапредување на извештаите во банкарските системи.
- Контрола на безбедноста на извештаите.
- Развивање и одржување локални периферни апликации во соработка со избрани добавувачи.
- Развивање и одржување на интерфејсите на периферните системи.



Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
Образование - ВСС од областа на ИТ

Потребни вештини:
- Потенцијал за програмирањe, анализирање и логично размислување
- Способност за тимска работа и брзо надградување
- Вештина во пишување и одржување функции, зачувани процедури со помош на PL/SQL
- Способност за оптимизирање на SQL пребарувања
- Одлични комуникациски вештини (писмени и усни)

Искуство :
- Најмалку три години работно искуство во областа на програмирањето
- Кандидатите со банкарско искуство имаат предност

Заинтересираните кандидати потребно е да испратат мотивациско писмо и кратка биографија (CV) на англиски и македонски јазик на contact@alphabank.com.mk