Оглас за вработување во АМСМ
Како резултат на долгогодишното постоење, од една страна и
континуираното залагање да чекориме заедно со најразвиените светски авто
клубови од друга, денес со гордост можеме да кажеме дека АМСМ е
современа организација во која се обединуваат богатото искуство и
современите концепти на работење, карактеристични за потрошувачки
ориентираните и модерни организации.
ИСПИТУВАЧ ПО ТЕОРЕТСКИ ДЕЛ (два извршители)
КЛУЧНИ РАБОТНИ ОБВРСКИ:
- Врши испитување на кандидати за возачи
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Високо образование
- Дозвола за возач инструктор за „А“,„Б“, „Ц“, „Д“ и „Е“
- Да вршел оспособување или испитување на кандидати за возачи најмалку три години непрекинато
- Основно познавање на MS Office
- Основно познавање на Англиски јазик
СПОСОБНОСТИ И ПОТРЕБНИ ПРОФЕСИОНАЛНИ ВЕШТИНИ:
- Педагошки пристап
- Тимска работа
- Темелност
- Комуникациски вештини
- Професионалност
Доколку сакате да ни се придружете и да станете дел од нашиот успешен тим, ја очекуваме вашата кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик во електронска форма да ни ја доставите на vrabotuvanje@amsm.com.mk со назнака РАБОТА – Испитувач по теоретски дел, најдоцна до 22 октомври 2015.
Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.