Оглас за вработување во Џонсон Мети

Оглас за вработување во Џонсон Мети

КООРДИНАТОР ЗА ТРАНСПОРТ И ЦАРИНА
(Transport and Customs Coordinator)
Реф. бр. 2015077


Џонсон Мети има потреба од Координатор за царина и транспорт (Transport and Customs Coordinator) кој ќе се придружи на нашиот тим за Логистика во фабриката за автокатализатори во Скопје, Македонија

Нашиот кандидат ќе биде одговорен за:

• Правилно распоредување на материјалите, во согласност со соодветни тарифни ознаки
• Известување на царинските служби за сите видови стоки и залихи во и надвор од Македонија
• Прецизно водење евиденција за залихите и статусот на производите во согласност со барањата на царинските служби
• Точни и ажурирани известување за статусот на материјалите кои се во транзит
• Осигурување дека компанијата е правилно фактурирана од превозниците чии транспортните услуги се користат
• Осигурување дека целата документација за пратките е точна.

Идеално, кандидатот треба да поседува:
• Универзитетска диплома е пожелно и ќе се смета за предност
• 2-3 години професионално искуство во увозно-извозна средина, логистика, идеално во производствени капацитети
• Добро познавање на македонскиот и европскиот царински ситем и процедури
• Пожелно е искуство во управување со синџирот на снабдување, вклучувајќи интеракција со добавувачи и транспортни добавувачи
• Способност за независно работење, ефикасно решавање на проблеми под притисок и со зададени рокови, внимателност со нумерички податоци
• Компетенции во користење на продуктите на Microsoft Office
• Одлично познавање на говорен и пишан македонски и англиски јазик

Работно време: административна смена (08.30-17.00ч)

Доколку сте заинтересирани испратете Ваша биографија и писмо за мотивација на англиски јазик на следнава e-mail адреса. mkjobs@matthey.com

Ве молиме Вашата биографија и писмо за мотивација да бидат испратени како MS Word документ. Во предметот на пораката задолжително ставете го референтниот број на огласот, во спротивно Вашата апликација нема да биде разгледана.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од една (1) година.

Краен рок за доставување апликации: 25/10/2015