Оглас за вработување во Централна кооперативна банка

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка

Централна кооперагивна банка АД Скопје ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработуѕање на квалитетни и високо мотивирани лица заинтересирани за работа за следниве работни места:

1) Раководител во Експозитура Скопје (Кисела Вода) Работниот однос е на неопределено време. Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот Неделно работно време: понеделник- петок За ова работно место предвидена е основна нето плата од 20. 000 до 40. 000 денари и можност за високи дополнителни бонуси и награди во согласностсо вложениот ангажман и остварените резултати.

Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации: Економски факултет;- Минимум 3 годишно банкарско работно искуство или искуство во областа на финансиското работење;- Солидно познавање на англиски јазик; Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери; Возанка дозвола „Б"- категорија. Избраниот кандидаттреба да поседува:- Развиени односи со деловни клиенти;- Одлично познавање на банкарскиот пазар во Скопје;- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;- Менаџерски вештини за координирање и управување со луѓе;- Способност за планирање, организирање и анализа; Самомотивираност и способност за самостојно работење;- Флексибилен и креативен приод кон луѓето и проблемите


2) Соработник за клиентска услуга: Експозитура Прилеп Експозитура Охрид Филијала Скопје Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на работниот однос на неопределено време. Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот Неделно работно време: понеделник- петок За ова работно место предвидена е основна почетна нето плата од 15. 000 денари како и можност за високи дополнителни бонуси и награди во согласностсо вложениот ангажман и остварените резултати.

Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања: Најмалку високо образование од областа на економските науки; Солидно познавање на англиски јазик; Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери; Избраниот кандидат треба да поседува: Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување; Одлични комуникациски способности; Позитивен приод кон работата; Висок степен на прецизност. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, Вашите кратки биографии заедно со мотивациско писмо испратете ги во електронска форма на email: hr@ccbank.mk со назнака „за оглас"
Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате. Огласот ќе биде активен заклучно со 26. 10. 2015 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремеии апликации, a кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката. Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати. Централна кооперативна банка АД Скопје Ул. 1732 бр. 2 1000 Скопје Р. Македонија Email: hr@ccbank. mk Тел. (02) 3 249 308