Оглас за вработување во Македонски Телеком

Оглас за вработување во Македонски Телеком

Повик за пројавување на интерес за ИТ професионалци

Македонски Телеком АД Скопје како дел од Deutsche Telekom групацијата е компанија која овозможува развој на професиналната кариера во меѓународно опкружување, каде во целост можете да ги реализирате своите потенцијали.

Токму затоа нашиот имиџ е претпознатлив, а нашата компанија е посакуван работодавач како помеѓу младите експерти, така и кај оние со повеќегодишно професионално искуство.

За да бидете дел од оваа динамична работна средина, ви нудиме можност да го покажете вашиот интерес, а ние ќе ве имаме предвид за идните потреби на компанијата.

Нам ни се потребни професионалци со искуство и одлично познавање на Телекомуникацискиот бизнис во домените на:

Билинг Ericsson's BSCS

Билинг NetCracker's RBM


    Одлично познавање на SQL, PL/SQL, Oracle RDBMS
    Стандардно познавање на Unix OS
    Искуство со интеграција на системот, конфигурација на елементите за проценка и билинг производите и развој на скрипти за големи промени на производот и корисничките податоци
    Одлично познавање на билинг решението на Ericsson's или NetCracker's BSCS
    Одлично познавање/искуство во конфигурирањето на BSCS модули
    Одлично познавање на концептите за Билинг и CRM

Развој во Oracle Forms

Развој во .NET ртехнологија

Развој во SQL технологија


    Одлично познавање на SQL, PL/SQL, Oracle RDBMS
    Одлично познавање на решенија за Oracle's Developer Suite (Oracle Формулари и Извештаи)
    Добро познавање на веб услугите (SOAP, WSDL)
    Стандардно познавање на Unix OS
    Добро познавање на концептите за Билинг и CRM
    Значајна улога во проекти за имплементација во следниве телекомуникациски домени: Билинг, CRM или OSS
    Одлично познавање на .NET и C# технологија
    Добро познавање на Oracle DB на развојно ниво

Развој на Tibco Business Works/ архитекти на решенија за интеграција на Односи со корисници и/или имплементација на NetCracker & Sugar CRM


    Одлично познавање на деловното работење на Tibco
    Одлично познавање на .NET технологии
    Одлично познавање на Java технологии (Spring, Maven, Hibernate)
    Улога во проекти за имплементација во следниве телекомуникациски домени: Билинг, CRM или OSS
    Добро познавање на концептите за Билинг и CRM
    Добро познавање на SQL, PL/SQL, Oracle RDBMS
    Добро познавање на BSCS и CMS ќе се смета како предност
    Основно познавање на Unix OS
    Познавање на MS SQL
    Улога во проекти за имплементација во следниве телекомуникациски домени: Билинг, CRM или OSS

Mиграција на податоци

    Искуство со миграција на податоци во OSS доменот (фиксни услуги)
    Искуство со и познавање на системите во OSS доменот
    Одлични способности и искуство со бази на податоци, SQL а особено ORACLE
    Познавање на и искуство за креирање на SQL скрипти
    Способности за тимски лидер

Доколку поседувате одлични комуникациски и интерперсонални способности, образование од областа на електротехника и информатички технологии, персонални карактеристики и солидно познавање на англискиот јазик, Ве повикуваме да ја доставите вашата лична биографија/CV на следната e-mail адреса career@telekom.mk со назнака “Интерес за ИТ професионалци” најдоцна до 26.10.2015 година.

Во моментот кога во Компанијата ќе се отвори потреба од професионален кадар со искуство од Вашиот профил, Вашата апликација ќе биде земена во предвид.