Охридска банка вработува!

Охридска банка вработува!

Придружете му се на успешниот тим од професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка, Групација Сосиете женерал во референтна банка во односите со клиентите.

Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.

Тимскиот дух – нашата прва вредност, значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни врски засновани на почитување и доверба. Градењето на тимскиот дух значи возбуда и задоволство од меѓусебната поддршка и размена на знаење.

Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности што ги цениме се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.

Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународната групација со 150-годишна историја, која може да Ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој.

ПОМЛАД РЕВИЗОР
Локација: Скопје 

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
Извршување ревизии според годишниот план за работа;
Изготвување извештај по извршената ревизија и издавање препораки;
Следење на спроведувањето на препораките по извештаите од внатрешната ревизија.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
ВСС – Дипломиран економист;
Најмалку 1 година работно искуство во областа на ревизија – предност имаат кандидати со искуство во банкарски и финансиски институции;
Одлично познавање на англиски јазик;
Задолжително поседување возачка дозвола, Б-категорија, активен возач;
Флексибилност за патување;
Тимски играч;
Развиени аналитички вештини;
Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон постигнување резултати.

Заинтересираните кандидати што ги исполнуваат горенаведените услови, потребно е да испратат професионална биографија (CV) со придружно писмо, најдоцна до 25.10.2015 год., на адреса: kariera@ob.com.mk, со задолжителна назнака „За оглас: Помлад ревизор“.

Со испраќање на Вашата апликација, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.

Напомена:
Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.