Оглас за вработување во ПроКредит банка

Оглас за вработување во ПроКредит банка

ПроКредит Банка вработува: 

Стручен во Централната управа – одговорен за енергетска ефикасност и заштита на животната средина 

Профил:
Универзитетско образование соодветно на позицијата (машински или градежен инженер, инжинер за заштита на животната средина или друго сродно образование)
Искуство во соодветната област ќе се смета за предност
Силна посветеност на идејата за заштита на животната средина
Познавање на Англиски јазик
Работа на компјутер
Возачка дозвола Б категорија
Одлични комуникациски и тимски способности
Способност за организирање на повеќе активности истовремено со цел непречено одвивање на обврските
Иницијативност, креативност и желба за стекнување на нови знаења
Флексибилност и способност за брзо дејствување на различни локации

Стручниот во Централната управа– одговорен за енергетска ефикасност и заштита на животната средина е одговорен за советување на клиентите и вработените на банката во врска со проекти од областа на заштита на животната средина, обновливи извори на енергија и зголемување енергетска ефикасност, преку евалуација на ваквите проекти, нивно следење и потврда на нивната имплементација, следење на усогласеноста со регулативата за заштита на животна средина, интерните стандарди на банката за ризикот кој произлегува од импактот кон животната средина во кредитирањето, развивање на институционално знаење во областа, поддршка во креирањето и спроведувањето на стратегијата на банката во делот на заштитата на животната средина.

АПЛИЦИРАЈТЕ!
Со испраќање на Вашите апликации (CV – кратка биографија и мотивациско писмо) на Job@procreditbank.com.mk не подоцна од 05.11.2015

Вашата апликација треба јасно да покаже, зошто токму Вие одговарате за оваа работа. Воедно задолжително во делот за мотивациско писмо треба да ги наведете Вашите амбиции за аплицирање, а кои ќе бидат во релација со содржината од нашата меѓународна веб страна (www.procredit-holding.com) и веб страната на нашата банка (www.procreditbank.com.mk).

Бидете информирани дека само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани.