Конкурс за доделување 50 (педесет) стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2015/2016 година

Конкурс за доделување 50 (педесет) стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2015/2016 година

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управата (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 54 став 3 од Законот за ученичкиот стандард (“Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14 и 146/15) и Решение за распишување Конкурс за доделување на 50 (педесет) стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2015/2016 година, Министерството за образование и наука распишува

КОНКУРС
за доделување 50 (педесет) стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија
за учебната 2015/2016 година

Министерството за образование и наука за учебната 2015/2016 година ќе додели 50 (педесет) стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија.

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА


Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:
1. да се редовни ученици од I година, кои во текот на основното образование постигнале успех од најмалку 3,00;
2. да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на средното образование постигнале успех од најмалку 3,00;
3. да имаат наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој;
4. да не повторувале година во текот на образованието;
5. да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
6. да се државјани на Република Македонија.

Критериуми за доделување на стипендиите се остварениот успех, при што еден ученик може да добие најмногу до 100 бодови.

II. НАЧИН, МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Учениците, кои ги исполнуваат условите од конкурсот, потребно е во Министерството за образование и наука, ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје), од 03.11.2015 – 13.11.2015 година, од 09-15 часот, да ги донесат следните документи:
1. Евидентен лист;
2. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2015/2016 година;
3. Копии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение);
4. да имаат наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој;
5. Изјава потпишана од родител - старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија, објавена на интернет порталот http:// stipendii.mon.gov.mk;
Конечниот список со избраните кандидати ќе бидe објавен на 01.12.2015 година на интернет порталот http:// stipendii.mon.gov.mk.
Министерството за образование и наука по службен пат, согласно потпишани договори за соработка, ќе ги обезбеди следните документи:
-уверение за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи.
Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е:
-некомплетна и
-ненавремено доставена.
Кандидатите нема да бидат рангирани ако Комисијата утврди дека податоците кои се внесени во електронската пријава не се идентични со податоците од доставената документација.

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА


Висината на стипендијата ќе изнесува 2.750,00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.