Конкурс за доделување стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителско - туристичката струка во Република Македонија за учебната 2015/2016 година

Конкурс за доделување стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителско - туристичката струка во Република Македонија за учебната 2015/2016 година

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (Службен весник на Република Македонија бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 54 став 3 од Законот за ученичкиот стандард (“Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13 и 41/14) и Решение за распишување Конкурс за доделување стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителско - туристичката струка во Република Македонија за учебната 2015/2016 година, Министерството за образование и наука распишува

КОНКУРС
за доделување стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителско - туристичката струка во Република Македонија за учебната 2015/2016 година

Министерството за образование и наука ќе додели до 15 стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителско - туристичката струка во Република Македонија за учебната 2015/2016 година.

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА


Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија и ги исполнуваат следните услови:
1. да се редовни ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителско - туристичката струка во Република Македонија,
2. да освоиле најмалку една награда за I, II или III место на меѓународен натпревар или на државен натпревар од областа на угостителството и/или туризмот;
3. да имаат постигнато минимум континуиран успех од 3,50 во досегашното образование;
4. да не повторувале година во текот на образованието;
5. да не се корисници на стипендија од други институции или фирми и
6. да се државјани на Република Македонија.

Критериум за доделување на стипендиите се:
- освоена една највисока награда на државен или меѓународен натпревар, при што ученикот може да добие најмногу 50 бодови,
- за секоја дополнително доставена награда-диплома од областа на угостителството и/или туризмот се добиваат дополнителни бодови,
- постигнатиот успех од досегашното образование, при што ученикот може да добие најмногу 50 бодови.

При утврдување на вкупните бодови од освоените награди за ученици ќе се вреднува една највисоко рангирана - освоена награда. За освоено прво место на меѓународен натпревар ученикот може да добие најмногу 50 бодови, а за освоено прво место на државен натпревар ученикот може да добие најмногу 25 бодови.
За секоја дополнително доставена награда-диплома од областа на угостителството и/или туризмот се добиваат дополнителни бодови.

II. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ


Учениците, кои ги исполнуваат условите од конкурсот, потребно е во Министерството за образование и наука, ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје), од 03.11.2015 – 13.11.2015 година, од 09-15 часот, да ги донесат следните документи:
1. Евидентен лист;
2. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2015/2016 година;
3. Заверени на нотар фотокопии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение);
4. Заверени на нотар фотокопии од дипломи за освоени награди на државни и/или меѓународни натпревари;
5. Изјава потпишана од родител - старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија, објавена на интернет порталот http:// stipendii.mon.gov.mk;
Конечниот список со избраните кандидати ќе бидe објавен на 01.12.2015 година на интернет порталот http:// stipendii.mon.gov.mk.
Министерството за образование и наука по службен пат, согласно потпишани договори за соработка, ќе ги обезбеди следните документи:
-уверение за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи.
Наградите-дипломите каде што нема прецизно утврдено освоено место на државни или меѓународни натпревари, односно награди и пофалници за учество на натпревари без освоено место, нема да се земат во предвид.
Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е:
-некомплетна и/или
-ненавремено доставена.
Кандидатите нема да бидат рангирани ако Комисијата утврди дека податоците кои се внесени во електронската пријава не се идентични со податоците од доставената документација.

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА


Висината на стипендијата ќе изнесува 2.200,00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.