Оглас за вработување во Цементарница УСЈЕ АД Скопје

Оглас за вработување во Цементарница УСЈЕ АД Скопје

Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Групацијата ТИТАН ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за Групацијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност

Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на

1) Правен референт во Правна служба – 1 извршител

Задолжен/а за спроведување на потребните активности од правен аспект од значење за компанијата и застапување на истата пред сите надлежни институции и државни органи. Учествува во изготвување на сите видови договори кои ги склучува компанијата со цел да се минимизираат проблемите и да се заштитат интересите на компанијата. Составување и поднесување тужби, приговори, жалби, спогодби, одлуки, заклучоци, барања и други правни акти за потребите на компанијата пред судовите, нотарите, извршителите и другите надлежни органи на Република Македонија.
Подготовка на материјали за седници на Одбор на директори и Собранието на акционери на компанијата, размножува и дели материјали за истите. Следење на законските прописи кои се од значење за извршување и од делокругот на другите сектори во компанија. За својата работа ќе одговара на Раководителот на правна служба. Работното време е од 08:00 – 16:00 часот.

Квалификации на кандидатот:
• Правен факултет, со положен правосуден испит
• Работно искуство во деловно право повеќе од 3 години
• Одлични познавања на Microsoft office апликациите
• Одлично познавање на англиски јазик

Конкурентски предности:
Желба за работа во средина со високи барања
Динамичност, ефективност и ефикасност
Флексибилност и адаптибилност
Посветеност, мотивираност, иницијативност
Тимска работа и кооперативност

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1. Мотивациско писмо
2. Биографија (CV)
3. Доказ за завршено образование

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје

http://www.usje.com.mk

каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи. Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.

Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.