Оглас за вработување во Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). Се бара: Програмски раководител

Оглас за вработување во Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). Се бара: Програмски раководител

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) објавува оглас за вработување на едно лице на работно место Програмски раководител, на определено време (шест месеци, со можност за продолжување на работниот ангажман)

Локација: Скопје
Времетраење: определено (полно работно време)


Клучни работни обврски:
• Планирање, управување, координација и учество во подготовка на проектите и програмите на Извршната канцеларија
• Подготовка на периодични и завршни извештаи (наративни и финансиски)
• Раководење на процесот на подготовка на стратегијата за работа на организацијата, во соработка со одговорните лица во СЕММ (извршниот директор и претседателот на УО на СЕММ)
• Планирање и спроведување на настани за различни целни групи, вклучувајќи ги и медиумите (работилници, обуки, дебати, конференции, седници на телата на СЕММ, итн.)
• Учество во планирање и реализација на истражувања за потребите на СЕММ, во координација со релевантните чинители
• Планирање и учество во реализација на кампањи (едукативни и кампањи за покренување на јавната свест)
• Учество во навремено и ефективно спроведување на одлуките и заклучоците на Управниот одбор и Собранието на СЕММ
• Надзор над управувањето со административното и канцелариското работење на Советот
• Комуникација со релевантни институции, оранизации, соработници и со граѓаните за потребите на Советот
• Учество во содржинско уредување на веб-страницата и профилите на социјалните мрежи на Советот.

Потребни квалификации
• Високо образование, за предност се смета повисок степен на образование во областа на општествените науки, новинарството и комуникациите
• Одлично познавање и искуство од областа на медиумската саморегулација, слободата на изразување и работењето на медиумите
• Најмалку 5 години работно искуство со проекти финансирани од меѓународни донатори во рамки на граѓанска организација или фондација
• Познавање на процедурите за раководење проекти поддржани од меѓународни донатори
• Одлични комуникациски вештини и вештини за истражување и академско пишување, застапување и односи со јавноста
• Вештини за организирање настани од голем обем
• Способност за тимска работа и реализација на задачите во краток временски рок
• Одлично познавање на Microsoft Office апликации (Word, Excel, Outlook, Powerpoint)
• Одлично познавање на англиски јазик, усна и писмена комуникација
• Силни организациски вештини

Заинтересираните е потребно да поднесат
1. Биографија
2. Писмо за мотивација
3. Најмалку три препораки

Документите за аплицирање потребно е да се испратат на следнава електронска адреса: info@semm.mk, до 31.01.2022 година (понеделник), до 12:00 часот.

Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на интервју. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса. Без телефонски јавувања. Совет за етика во медиумите на Македонија (СЕММ)