Филмот „Меланија“ ќе се прикажува во кината низ светот од 30 јануари
Филмот „Меланија“ од „Амазон МГМ студија“ нуди поглед на дваесетте дена пред претседателската инаугурација во 2025 година - од перспектива на првата дама.
Влезете во светот на Меланија Трамп додека таа ги координира плановите за инаугурација, се справува со транзицијата во Белата куќа и го враќа своето семејство во главниот град на змјата.
- Историја се создава во дваесетте дена пред инаугурацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави. Првпат светската публика е поканета во кината да биде сведок на ова клучно поглавје - интимен, нефилтриран поглед на моето патување додека балансирам помеѓу семејниот живот, работните обврски и филантропијата, на извонредното патување да станам прва дама на Соединетите Американски Држави - истакнала Меланија Трамп по повод промоцијата на филмот.
Извор: cromoda.com
Фото: YouTube screenshot