Единствен главен град во светот без семафори - возачите си веруваат едни на други
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Во повеќето европски престолнини сообраќајот е синоним за метеж, километарски колони и чекање на црвено светло. Семафорите се насекаде, толку се вообичаени што ретко ги забележуваме. Сепак, постои место што ѝ пркоси на оваа слика на модерна Европа, град во кој нема семафори, а сообраќајот функционира беспрекорно.
Главниот град на малото кнежество Лихтенштајн, Вадуц, е единствената престолнина во светот без семафори. Има само неколку илјади жители, но сообраќајот е пример што многумина изненадува. Наместо светлосна сигнализација, возачите се потпираат на јасни правила за првенство, кружни текови и сообраќајни знаци.
Престолнина без светлосна сигнализација
Клучно е правилото на десна страна: возилото што доаѓа од десно има предност кога раскрсницата не е поинаку означена. Туристите, навикнати на семафори во големите градови, на почетокот се збунети.
Иако без семафори, сообраќајот во Вадуц тече беспрекорно. Помалиот број возила и високата култура на возење придонесуваат за безбедноста, а пешаците се чувствуваат сигурно бидејќи правилата доследно се почитуваат. Овој систем го одразува карактерот на Лихтенштајн, мала, но уредна и добро организирана држава позната по квалитетот на живот, безбедноста и силното чувство на заедништво.
Во Вадуц сообраќајот функционира поради доверба и меѓусебно почитување, нешто што во модерните метрополи станува сè поретко.
Извор:
BIZlife.rs
Фото: Unsplash/Ondrej Bocek