„Оскари“ 2021: „Нетфликс“ повторно доминира

„Оскари“ 2021: „Нетфликс“ повторно доминира

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

По многуте одложувања во текот на оваа пандемска година, номинациите за „Оскар“ конечно пристигнаа.

Во конкуренција за најдобар филм се „Таткото“, „Јуда и црниот месија“, „Менк“, „Минари“, „Номадска земја“, „Ветувачка девојка“, „Звукот на металот“ и „Судењето на седумтемина од Чикаго“.

„Менк“ на „Нетфликс“, покрај најдобар филм, постигна 10 номинации, вклучително и за најдобар режисер (Дејвид Финчер), најдобар актер (Гери Олдман) и најдобра актерка во споредна улога (Аманда Сејфрид).

По „Манк“ со шест номинации следуваат „Таткото“, „Јуда и црниот месија“, „Минари“, „Номадленд“, „Звукот на металот“ и „Судењето на седумтемина од Чикаго“.

Првпат две жени беа номинирани за најдобри режисери: Клои Жао за „Номадска земја“ и Емералд Фенел за „Ветувачка жена“. Тие ќе се натпреваруваат против Томас Винетрберг со „Уште една тура“, Дејвид Финчер со „Менк“ и Ли Исак Чунг со „Минари“.

Ова е листата на номинации за „Оскар“ за 2021 година:

Најдобар филм


„Таткото“
„Јуда и црниот месија“
„Менк“
„Минари“
„Номадска земја“
„Ветувачка жена“
„Звукот на металот“
„Судењето на седумтемина од Чикаго“

Најдобар режисер

Томас Винтерберг, „Уште една рунда“
Дејвид Финчер, „Менк“
Ли Исак Чунг, „Минари“
Клои Жао, „Номадска земја“
Емерлад Фенел, „Ветувачка девојка“

Најдобар актер во главна улога

Риз Ахмед, „Звукот на металот“
Чедвик Бозман, „Црниот задник на Ма Рејни“
Ентони Хопкинс, „Таткото“
Гери Олдман, „Менк“
Стивен Јен, „Минари“

Најдобра актерка во главна улога

Вајола Дејвис, „Црниот задник на Ма Рејни“
Андра Деј, „САД против Били Холидеј“
Ванеса Кирби, „Фрагменти од жена“
Френсис Мекдорманд, „Номадска земја“
Кери Мулиган, „Ветувачка девојка“

Најдобар актер во споредна улога


Саша Барон Коен, „Судењето на седумтемина од Чикаго“
Даниел Калуја, „Јуда и црниот месија“
Лесли Одом Џуниор, „Една ноќ во Мајами“
Паул Раци, „Звукот на металот“
Лејкит Станфилд, „Јуда и црниот месија“

Најдобра актерка во споредна улога


Марија Бакалова, „Борат 2“
Глен Клоуз, „Хилбили Елеџи“
Оливија Колман, „Таткото“
Аманда Сејфрид, „Менк“
Џо-Џон Јун, „Минари“

Најдобар анимиран филм


„Напред“
„Преку Месечина“
„Филм за овцата Шаун: Фармагедон“
„Душа“
„Вулфокерс“

Најдобра песна


„Fight for You“
„Hear My Voice“
„Húsavík“
„Io Si (Seen)“
„Speak Now“

Сите номинации можете да ги погледнете ТУКА.

Извор: Variety.com
Фото: Screenshot/YouTube