„Јутјуб“ повторно го тестира трпението на корисниците

„Јутјуб“ повторно го тестира трпението на корисниците

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

„Јутјуб“ со години води борба против блокатори на рекламите, а на некои пазари ги унапреди и своите претплатнички пакети.

Сепак, трпението на корисниците сериозно беше ставено на тест оваа недела.

Многу корисници на „Редит“ пријавуваат дека јутјуб-апликациите за „Андроид“ и „иОС“ сега прикажуваат реклами во долниот лев агол од екранот.

Станува збор за огласи за апликации или веб-страници од трети страни, а проблемот е што остануваат на екранот дури и откако корисникот повеќепати ќе ја избере опцијата „Dismiss“ од менито.

На самиот банер нема копче „X“, па дел од корисниците воопшто не знаеле дека рекламата може да се отстрани преку дополнително мени. Во некои случаи единствениот начин рекламата да исчезне е целосно да се излезе од видеото, додека други тврдат дека таа се повлекува сама по околу 30 секунди.

Некои се обиделе и присилно да ја затворат апликацијата, но рекламата повторно се појавувала.

Според достапните информации, засегнатите корисници не се претплатници на „Јутјуб премиум“, што значи дека претплатата и понатаму ги отстранува рекламите како што е предвидено.

Оние на кои им пречат овие реклами можат да преминат на „Јутјуб премиум“ или да го користат „Јутјуб“ преку мобилен прелистувач, каде што ваквите банери засега не се појавуваат.

Извор: Atbl.rs
Фото: Pexels