Јахта со теренски возила, хеликоптер, две подморници и затворен базен

Јахта со теренски возила, хеликоптер, две подморници и затворен базен

Холандската компанија „Оушн-ко“ на Саемот за наутика во Дубаи ја претстави новата суперјахта „Есквел“, долга 105 метри и со дизел-електричен погон.

Пловилото го доби името по еден метеорит, а со својот изглед потсетува на „реквизит“ од филмовите за Џејмс Бонд. Со едно полнење може да помине 7.000 милји.

- Ова е совршен спој на експедициско пловило и суперјахта. „Есквел“ го нуди најдоброто од двете - изјави претставник на „Оушн-ко“.

Јахтата е опремена со моторни санки, нуркачка опрема, скутери, теренски возила, хеликоптер и две подморници, а на главната палуба има затворен базен.

Сепак, јахтата не е наменета само за забава, може да се користи и за научни експедиции, на пример, на коралните подрачја.

- Внатрешноста на јахтата е уредена така што да го отсликува животот и домот на млад истражувач. Може да се користи за истражување на најоддалечените подрачја во светот, од Северниот Леден Океан до Јужниот Пол - се додава во соопштението на компанијата.

Цената на „Есквел“ сè уште не се соопштува.

Извор: МИА