Научници ја регистрирале најсветлата супернова досега

Научници ја регистрирале најсветлата супернова досега

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Астрономи ја регистрирале најсветлата супернова досега. Експлозијата била барем двојно посилна од онаа што претходно се сметала за најсветла. Огромната детонација првпат била забележана на 22 февруари 2016 од опсерваторијата „Пан-СТАРРС“ на Хаваи.

Експлозијата ослободила повеќе енергија од која било супернова претходно, според истражување објавено во понеделникот во „Нејчр астрономи“. Тимот истражувачи воден од астрономот Мет Никол користел повеќе телескопи за да ја анализира експлозијата во последните две години.


Фото: Pixabay

- Првите податоци од „Пан-СТАРРС“ покажуваа дека оваа супернова веројатно е многу посветла од галаксијата во која експлодирала, па ова веднаш ни го привлече вниманието бидејќи би можело да биде интересно - изјавил Никол.

Експлозијата е дел од категорија на експлозии на ѕвезди наречени суперсветли супернови, кои досега биле регистрирани само два пати.
Научниците мислат дека овие експлозии се остатоци од умирањето на ѕвезди со маси барем 40 пати поголеми од Сонцето. Според астрономите, ѕвездата што експлодирала била од 50 до 100 пати посилна од Сонцето. Вселенското тело можеби се споило со друго небесно тело пред да експлодира. Експлозијата била регистрирана во мала галаксија на далечина од околу 4,6 милијарди светлосни години од Земјата.

Извор: vice.com