Американските власти сакаат гејмери да работат како контролори на воздушен сообраќај
Американската федерална Агенција за воздухопловство во својата најнова реклама за вработување контролори на воздушен сообраќај таргетира гејмери, а притоа се наведува дека просечната плата по три години изнесува околу 155 илјади долари.
Кандидатите мора да бидат државјани на САД, помлади од 31 година и течно да зборуваат англиски јазик. Исто така, треба да поминат тест за способност, лекарски преглед и обука на академија.
Агенцијата за воздухопловство губи повеќе контролори на воздушен сообраќај отколку што успева да вработи и да задржи уште од претходната деценија, а трендот дополнително се влоши во ковид-пандемијата, според извештај на американската Канцеларија за одговорност на владата.
Администрацијата го зголемувала бројот на вработени секоја година, но кон крајот на 2025 година биле вработени 13.164 контролори, што е 6 отсто помалку отколку во 2015 година. Истовремено, бројот на летови во системот на контрола на воздушниот сообраќај се зголемил за околу 10 отсто, на 30,8 милиони.
Извор:
Bug.hr
Фото: Screenshot/YouTube