ТИТАН УСЈЕ АД Скопје вработува администратор за логистички операции

ТИТАН УСЈЕ АД Скопје вработува администратор за логистички операции

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги
остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од
една од најуспешните компании во земјата

ТИТАН УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН

објавува оглас за вработување на

Администратор за логистички операции


ТИТАН УСЈЕ, дел од Групацијата ТИТАН, нуди одлична можност за Администратор за логистички операции кој ќе биде одговорен за прием на налозите за продажба, издавање на налози за утовар, изготвување на фактури за странство и документација за извоз, царинење при извоз, средување на документацијата за дневен промет на домашен пазар и за извоз, како и архивирање на документација, по потреба ќе врши организирање на транспортот на цемент. За својата работа одговара на Раководителот на Службата за логистика и царинско работење. Работата се одвива во две смени, од 06-14 часот и од 14-22 часот.

Потребни квалификации:

• Средно образование, IV степен
• Работно искуство во комерцијален и логистички сектор ќе се смета за предност
• Познавање на MS Office апликациите, познавање и работа во SAP ќе се смета за предност
• Познавање на англиски и албански јазик ќе се смета за предност
• Способност за решавање на проблеми во кратко време
• Одлични интерперсонални и комуникациски вештини
• Организираност и способност за забележување детали

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:

1. Мотивациско писмо
2. Биографија (CV)
3. Доказ за завршено образование


Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.

ТИТАН УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална определеност, религија или убедување.

Аплицирањето може да се врши на веб страницата на ТИТАН УСЈЕ www.usje.mk во делот
„Кариера/Придружете ни се“ или на mail: hr@usje.mk.


Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.