Вештачката интелигенција би можела да го надмине целото човечко знаење за само 12 месеци, предупредуваат експертите

Вештачката интелигенција би можела да го надмине целото човечко знаење за само 12 месеци, предупредуваат експертите

Како што напредува технологијата, безброј работни позиции станаа непотребни, а некои од највлијателните личности во индустријата признаваат дека само одредени работни места ќе останат безбедни во оваа револуција.

Некои експерти од областа на вештачката интелигенција предупредуваат дека луѓето треба или да ја прифатат вештачката интелигенција или да исчезнат, а Илон Маск истакна дека содржини создадени од вештачка интелигенција веќе се произведуваат со брзина што го надминува човечкиот текст. Се чини дека е само прашање на време кога технологијата ќе го надмине човечкото знаење.

Вештачката интелигенција би можела да биде подготвена да постигне совршен резултат на еден од најтешките тестови на знаење што некогаш се создадени, предупредуваат експертите.

„Последниот испит на човештвото“ е создаден од истражувачи од компанијата „Скејл“ и од Центарот за безбедност на вештачката интелигенција, непрофитна организација. Целта на тестот е да се утврди колку се интелигентни системите со вештачка интелигенција и дали постои значителен јаз во нивното знаење и расудување.

Испитот се состои од 2.500 внимателно избрани прашања кои опфаќаат околу сто области, од ракетна наука и митологија до физиологија и напредна математика.

Секое прашање бара знаење на ниво на докторат за да се одговори точно, а постигнување резултат близок до 100 отсто би значело титула „универзален експерт“.

Резултатите биле охрабрувачки за оние што се загрижени за брзиот напредок на вештачката интелигенција. Пред две години „Чет-ГПТ“ на „Опен АИ“ постигнал само 3 отсто на тестот. Системите на „Гугл“ и „Антропик“ покажале малку подобри резултати, а истражувачите тоа го сметале како доказ дека сè уште постои значителен јаз помеѓу јазичните модели и водечките академици.

„Џеминај“ на „Гугл“ постигнал 45,9 отсто на испитот, што претставува голем скок во споредба со 18,8 отсто што ги имал во неговите први обиди.

Во меѓувреме, „Клод“ на „Антропик“ постигнал 34,2 отсто, што исто така претставува значително подобрување.

- Во последните неколку години гледаме неверојатен напредок кај овие јазични модели. Импресивно е колку брзо напредуваат - вели истражувачкиот лидер на компанијата „Скејл“.

Доколку во иднина вештачката интелигенција постигне 100 отсто на тестот, следниот чекор би бил тестирање на прашања на кои ниту човекот нема одговор.

Сепак, Џанг тврди дека човечкиот фактор секогаш ќе биде неопходен, особено во области кои зависат од одлучување, процена и креативност.

Извор: Uniladtech.com
Фото: Freepik