Кога ученикот е подготвен, наставникот се појавува - наставниците се наоѓаат насекаде, за секое ниво на свеста

Кога ученикот е подготвен, наставникот се појавува - наставниците се наоѓаат насекаде, за секое ниво на свеста

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Дали навистина го разбирате значењето на овие зборови? - Оваа изјава всушност значи: Кога ученикот е подготвен, наставникот се појавува насекаде: на небото, во таксито, во банките, во уредите на терапевтите, во вашите пријатели и вашите непријатели.

nastavnik
Фото: Pixabay


Наставниците се наоѓаат во секое соседство, во секој град и држава - наставник за секое ниво на свест. Како и во секое поле на дејствување, некои се повешти и посвесни од другите.

Можеби ова сега звучи апстрактно, но еден ден тоа целосно ќе го разберете и ќе сфатите дека и тој ден можеби не е далеку. И кога ќе сфатите, ќе бидете во состојба да ги набљудувате каменот, листот и сè друго, и преку нив ќе ги сфатите начелата на универзумот.

Секако, и наставниците не се совршени. И тие имаат маани и недостатоци. Можеби нивните проблеми се големи, а можеби се мали. Може наставникот да умре и да ве остави сами. Но за повеќето луѓе, наставникот е најдоброто нешто што би можело да му се случи. Затоа што универзалниот наставник се појавува насекаде.