Оглас - Таргет груп доо Скопје

Оглас - Таргет груп доо Скопје

Доколку имаш убедлив продажен пристап и внимание за потребите на клиентите, одлични комуникациски вештини и самодоверба, ние нудиме работа во млада и динамична работна околина, можност за остварување на своите идеи, знаења, вештини како и можност за редовно вработување.

Компанијата за бизнис информации ТАРГЕТ ГРУП ДОО Скопје има потреба од луѓе кои ќе бидат ангажирани во секторот за продажба.

Бараме:
- одлични комуникациски и продажни вештини,
- работа во тим,
- работно познавање на компјутери,
- иницијативност и насочени кон резултати.

Дневното работно време е 8 часа, со почеток од 8:30 до 16:30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја биографија, со назив “ОГЛАС-ПРОДАЖБА” на следнава е-пошта: vrabotuvanje@targetgroup.mk најдоцна до 24.05.2019 година.

Кандидатите кои ги исполнуваат условите и ќе влезат во потесниот круг на селекција, ќе бидат дополнително исконтактирани и повикани на интервју.