Еве што ќе се случи ако секој ден пешачите онолку минути колку што имате години
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Обичната прошетка прави чуда за телото. Еве кои болести ги спречува.
1. Пешачењето го спречува раниот почеток на деменција, го намалува ризикот од развој на Алцхајмерова болест и ја подобрува вашата целокупна ментална благосостојба со намалување на стресот и ослободување ендорфин.
2. Пешачењето го подобрува видот и ги заштитува очите од потенцијални проблеми, како што е глауком. Ако пешачите, ќе спречите влошување на вашиот вид.
3. Пешачењето не е помалку ефикасно од трчањето кога станува збор за спречување срцеви заболувања и мозочен удар.
4. Пешачењето е аеробна вежба, што значи дека го зголемува протокот на кислород во вашиот крвоток и помага да се отстранат токсините и отпадот, што е одлично за вашите бели дробови.
5. Пешачењето е изненадувачки поефикасен начин за спречување дијабетес.
6. Само половина час пешачење секој ден не само што го намалува ризикот од развој на рак на дебелото црево туку и го подобрува варењето и ја регулира работата на цревата.
7. Само 10.000 чекори на ден може да бидат исто толку ефективни како и целосниот тренинг во фитнес-сала, особено ако додадете некои интервали или ако пешачите по рид.
8. Пешачењето може да обезбеди поголема подвижност на зглобовите, да спречи губење на густината на коските, па дури и да го намали ризикот од фрактури.
9. Пешачењето е спас за оние што имаат болки во грбот.
10. Пешачењето ги ублажува симптомите на депресија.
Колку и како да пешачите во текот на денот:
Вашата цел треба да биде 30 минути пешачење секој ден, но научниците предлагаат да пешачите онолку минути колку што имате години. Да речеме, ако имате 45 години, треба да пешачите по 45 минути секој ден.
За постарите лица, се препорачува лесно до умерено брзо пешачење од половина час секој ден! Ако сте без здив додека одите или не можете да разговарате, веројатно одите пребрзо, па намалете го интензитетот.
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik