Објавен трејлерот за втората сезона на серијата „Куќа на змејот“

Објавен трејлерот за втората сезона на серијата „Куќа на змејот“

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Ејч-би-о го објави официјалниот трејлер за втората сезона на серијата „Куќа на змејот“.

Новата сезона на претпродолжението на „Игра на троновите“ ќе ја прикажува граѓанската војна во куќата Таргариен и се базира на книгата „Оган и крв“ на Џорџ Р. Р. Мартин.

Во новата сезона се враќаат членовите на актерската екипа Мет Смит, Оливија Кук, Ема Д'Арси, Ив Бест, Стив Тусен, Фабиен Френкел, Јуан Мичел, Том Глин-Карни, Соноја Мизуно и Рис Ајфанс.



Извор: Hollywoodreporter.com
Фото: Screenshot/YouTube