Компанија што ги замени вработените со чет-бот повторно вработува луѓе - услугата со ВИ била со понизок квалитет
По многу месеци откако го промовира потенцијалот на вештачката интелигенција да ја замени човечката работа, извршниот директор на „Кларна“, Себастијан Сјемјатковски, се повлекува и го поништува замрзнувањето на вработувањето за да привлече повеќе човечки персонал.
Сјемјатковски изјавил за „Блумберг“ дека „Кларна“ повторно вработува луѓе за да се осигури дека клиентите секогаш ќе имаат човек со кој ќе разговараат, доколку е потребно.
- Од перспектива на брендот, перспектива на компанијата, мислам дека е многу важно да му бидете јасни на вашиот клиент оти секогаш ќе има човек ако има потреба за тоа - изјавил Сјемјатковски.
Тој објаснил дека стратегијата фокусирана на вештачката интелигенција што ја користела „Кларна“ во последните неколку години не била вистинскиот пат. Вели дека иако чет-ботовите за услуги на клиентите со вештачка интелигенција биле поевтини од човечкиот персонал, резултатот бил производ со понизок квалитет.
Сега „Кларна“ регрутира нова група вработени во услугите на клиентите, а ќе се фокусира и на обезбедување „квалитетна“ човечка поддршка за клиентите. Во својата кампања за регрутирање, компанијата е насочена кон студенти, рурално население и посветени корисници на „Кларна“, кои се страсни за компанијата. Улогите се целосно далечински.

- Всушност, инвестирањето во квалитетот на човечката поддршка е патот кон иднината за нас - изјавил Семијатковски.
„Кларна“ ги прекина сите вработувања една година претходно, бидејќи се фокусира на инвестиции во вештачка интелигенција. Бројот на вработени во компанијата се намали за 22 % во тој временски период главно поради отпуштање.
Во февруари 2024 година компанијата тврдеше дека вештачката интелигенција може да ја заврши работата на 700 агенти за услуги на клиентите и дека презела 75 % од разговорите со клиентите на компанијата, или околу 2,3 милиони разговори, во рок од еден месец од лансирањето. Ботот се справуваше со прашања за теми како што се враќање средства и плаќања, на повеќе од 35 јазици.
Гергели Орош, автор и писател во „Прагматичен инженер“, напишал на „X“ дека вештачкиот чет-бот на „Кларна“ дејствувал „во основа како филтер“ за да стигне до човечки агенти за поддршка на клиенти кога го тестирал.
Извор: entrepreneur.com
Фото: YouTube screenshot/Freepik