Науката конечно го потврди тоа - ова е местото каде што времето тече побавно

Науката конечно го потврди тоа - ова е местото каде што времето тече побавно

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Научниците конечно потврдија дека времето навистина забавува - во сала за вежбање! Но, не поради досада или личноста што гласно зборува на телефон до вас.

Во мало истражување учесниците возеле статичен велосипед, а потоа требало да проценат колку траат 30 секунди. Резултатите покажале дека нивната процена била побрза за околу 8-9 отсто од реалното време, што значи дека од нивна перспектива, времето течело побавно.

Шегата настрана, ова откритие отвора сериозни истражувачки прашања. Иако истражувањето се фокусира на перцепцијата и психолошките објаснувања, телото претрпува низа физички промени при вежбање. За спортистите што сакаат да го подобрат темпото, ова може да биде клучен момент за анализа.

Во истражувањето учествувале 33 лица кои возеле 4.000 метри на статичен велосипед. Биле замолени да проценат интервали од 30 секунди на пет различни точки: пред возењето, по 500 метри, 1.500 метри, 2.500 метри и по завршувањето. Имало три различни сценарија: индивидуално возење (како самостоен предизвик), возење против виртуелен противник и вистинска трка со цел да се победи другиот. Секој учесник оценувал колку напор чувствува, но не му било кажано да одржува конкретна брзина, освен при натпреварувачката сесија.

Интересен заклучок од резултатите: немало значајни разлики во перцепцијата на времето меѓу различните сценарија и фази на возењето. Присуството на противник или зголемениот напор не влијаеле врз чувството дека времето тече побавно.

Иако се работи за мала истражувачка група, авторите велат дека нивните методи и заклучоци се нови и важни. Денешната наука за спорт и телесна подготовка достигна високо ниво, што овозможува истражување на сè понови аспекти, како што е перцепцијата на време.

Овој труд е објавен во стручното списание „Брејн енд бихејвиор“.

Истражувачите од Холандија и Англија посочуваат дека иако трката против реален противник не го забрзува чувството за време, можеби спортистите треба да најдат други начини за да останат фокусирани и мотивирани.

За врвни спортисти, прецизното темпирање е клучно. На пример, Мајкл Фелпс користел ментално визуализирање за да ги совлада трките до ниво на мускулна меморија. Погрешен момент на завртување би можел да значи изгубен светски рекорд.

- Потребни се дополнителни истражувања за улогата на надворешните стимули, интензитетот и времетраењето на вежбањето врз перцепцијата на времето - заклучуваат истражувачите. Сите овие фактори влијаат врз темпирањето, темпото и успешното завршување на оптималните резултати во физичките активности.

Извор: Popularmechanics.com
Фото: Freepik