НАСА користи ласери за да испрати слики од кучиња, мачки и кокошки до Меѓународната вселенска станица

НАСА користи ласери за да испрати слики од кучиња, мачки и кокошки до Меѓународната вселенска станица

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Од доаѓањето на вселенската ера, секогаш се потпираме на радиофреквенциски комуникации за да „разговараме“ со астронаутите и со вселенските летала во орбитата и пошироко.

Но сега НАСА оди чекор понапред и на својот комуникациски систем додава ласери.

Како дел од програмата на НАСА за вселенски комуникации и навигација, истражувачите успешно ги тестираа ласерските комуникации со емитување фотографии и видеа од милениците на астронаутите кои се наоѓаат во вселената.

И не само мачки и кучиња, туку и птици, кокошки, крави, змии и свињи. Поконкретно, сликите и видеата беа испратени од Земјата со помош на ласер до геосинхроната орбита оддалечена 35.405 километри, каде што се наоѓа Меѓународната вселенска станица.

 Ласерските системи можат да носат повеќе податоци од радиосигналите, што е слично како преземање слики преку 3Г наспроти 5Г. Така, за пренос на податоци и за мисии со екипаж и без екипаж, ласерите се многу поефикасни.

- Кампањата со милениците ни покажа многу работи. Не само што покажа дека овие технологии можат да играат суштинска улога во овозможувањето на идните научни и истражувачки мисии на НАСА, туку обезбеди и забавна можност за астронаутите да ги „сликаат“ своите миленици како помагаат при оваа иновативна демонстрација - изјави Кевин Когинс, програмски менаџер во НАСА.

Интересно е тоа што овие слики не се првите од домашни миленици кои се емитуваат во вселената преку ласер. Претходно видео од мачката Татерс преку серија ласери беше пренесено во вселената, на 30,6 милиони километри од Земјата.



Извор: Space.com
Фото:  NASA/Dave Ryan