„Фејсбук“ им дава можност на корисниците да ги контролираат рекламите

„Фејсбук“ им дава можност на корисниците да ги контролираат рекламите

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

„Фејсбук“ им олеснува на корисниците подобро да ги сфатат рекламите што им се претставени.

Социјалната мрежа објави подобрување во корисничкото искуство со рекламите, што прикажува повеќе информации за целните реклами на платформата, а на корисниците им дава повеќе опции за контрола на тие реклами.

Се чини дека подобрувањата се директно проширување на функции воведени пред неколку месеци. Тогаш компанијата почна да ги запознава корисниците со некои информации за тоа како одредени реклами поставуваат цели.

Сега овие информации ќе бидат подетални, вклучувајќи и какви интереси на „Фејсбук“ ве довеле до одредени реклами или веб-страници што можеби сте ги посетиле.

Покрај претставувањето на споменатите информации, „Фејсбук“ ќе овозможи и пристап до алатки што овозможуваат контрола на начинот на кој овие информации се користат, а ќе им овозможи на корисниците да ги приспособат своите интереси за да добиваат порелевантни реклами.

„Фејсбук“ не е позната како компанија што има почит кон корисниците и јавноста кога станува збор за приватноста, така што постојат екстензии посебно дизајнирани да спречат можност за следење од страна на сервисите. Новите функции на „Фејсбук“ се мал чекор, но можат да ѝ помогнат на социјалната мрежа да врати барем дел од довербата на јавноста.