Разговор со Софија Христова, дел од тимот - креатор на „m.Health“ и дипломец на СИТИ Колеџ од Солун

Разговор со Софија Христова, дел од тимот - креатор на „m.Health“ и дипломец на СИТИ Колеџ од Солун

Проектот “m.Health” е избран како најиновативно и најкреативно решение за подобро управување со здравствениот систем, во рамките на првиот хакатон „Е-Здравство“, кој се одржа во организација на Фондот за иновации и технолошки развој, РОШ Македонија, и во соработка со Министерството за здравство. Разговараме со Софија Христова, дел од победничкиот тим, како и дипломец од СИТИ Колеџ од Солун

Според што верувате дека проектот “m.Health” се издвои од другите учесници на хакатонот?

-m.Health e паметна, иновативна и сеопфатна е-платформа која ќе го постави пациентот во центарот на нашиот здравствен систем. Таа има цел да ги интегрира здравствените сервиси во системот на јавно здравство. m.Health ќе ја подобри комуникацијата на релација лекар-пациент преку креирање паметни, индивидуализирани планови за превенција и следење на здравствената состојба.

Иако конкуренцијата беше на високо ниво, она што верувам дека нѐ издвои од другите учесници е сеопфатноста на самата платформа, како и можноста за навремена интеграција со постојните платформи, како и лесната имплементација во целосниот здравствен систем. Силно веруваме дека m.Health беше препознаена од страна на комисијата и инвеститорите по уникатниот пристап кон подобрување на е-здравството, како и по самото поставување на пациентот во центарот на истиот.



Хакатонот претставува посебна форма за развој на специфични решенија, зошто сè повеќе се користи?

- Хакатон е повеќечасовен настан (до 72 часа) на кој тимски треба да се даде решение за специфичен проблем, најчесто во областа на технологијата преку развој на софтверски или хардверски решенија. Специфично, овој хакатон беше организиран за да се изнајде софтверско решение за да се подобри пристапот кон здравството, особено за време на пандемијата.

Со брзиот развој на технологијата, како и зголемената достапност на истата во светот, секој од нас може да ја препознае потребата за дигитализација во сè повеќе индустрии. Преку организирање хакатон, се отвора уникатна можност да се поттикнат иновации со помош на ресурсите што се на располагање, преку формирање тимови со членови од различни области и со различни експертизи релевантни за специфичното решение.

Организаторите на хакатон поставуваат правила и насоки за критериумите за пријавување на специфична тема, меѓу кои и квалификациите и потребните вештини на членовите на тимот. За победнички исход на хакатон, потребен е тим во кој секој член ќе може да придонесе со своето знаење и искуство во својата област.

Вие имате магистерска диплома од СИТИ Колеџ од Солун и образованието понатаму го насочивте кон изучување на ИТ- технологии и дигитализација. Колку образованието Ве подготви за вакви предизвици?

-За мене, студирањето на СИТИ Колеџ отвори многу врати кон професионалниот свет, интернационално. Низ студиите на колеџот, како и преку запознавањето колеги и наставен кадар од различни области, увидов дека она што мене најмногу ме привлекува е дигитализирањето на сите (порано) традиционални процеси, од маркетинг до креирање софтвери кои ќе го забрзаат и олеснат секојдневното функционирање.

Студиите на СИТИ Колеџ нудат еден поинаков пристап на студирање преку практично аплицирање на стекнатото знаење, со решавање реални проблеми во реални индустрии или анализирање и критичко размислување на веќе постојни успешни достигнувања.

Професионалниот кадар е со успешна заднина во приватниот и/или државниот сектор и е секогаш достапен, инволвиран и заинтересиран за сите дополнителни прашања и видови доедукација доколку некој од студентите е заинтересиран.

Студирањето на СИТИ Колеџ меѓу збогатеното знаење и искуство ми создаде безброј бесценети пријателства кои траат до ден-денес.

Горда сум да кажам дека сум била и сѐ уште сум дел од СИТИ Колеџ фамилијата, бидејќи токму годините поминати студирајќи ме имаат направено она што сум денес.



За создавање на овој проект се споија Фондот за иновации и технолошки развој, РОШ Македонија и Министерството за здравство, какви вештини се потребни за да се одговори на нивните барања?

-Една од најбитните работи е добар тим бидејќи никој од нас не може да има знаење и искуство во секоја област што е потребна за да се понуди „идеалното“ решение.

При учество на хакатон од овој тип, за да се даде соодветно решение, неопходно е најпрво да се направи истражување за да се увидат недостатоците во досегашниот систем со цел да се надминат преку развивање иновативни решенија кои ќе биде апликативни, лесни за користење и кои ќе го олеснат целосниот процес во здравството. Сето ова е битно да биде апликативно во досегашниот здравствен систем.

Овој беше прв хакатон за потребите на здравството и што спојува различни сектори, дали мислите дека ваквиот начин на барање решенија е продуктивен?

-Со континуираниот тек во технологијата во речиси секој сектор постои простор за подобрување. Со самото организирање хакатони од овој тип се отвора шанса, на едно место, да се соберат и да споделат идеи луѓе со различни заднини, искуства и едукација и сето тоа да придонесе кон колективното добро.

Хакатонот како форма сѐ повеќе се користи, но, исто така, отвора можности за нетипичен влез на пазарот и еден нестандарден пат за стартување и развој на професионална кариера, што е поврзано и со профилот ИТ-експерт. Во однос на образованието и досегашното твое искуство, што би им порачала на младите при избор на универзитет и професионален профил?

-Низ студентските години, завршив дипломски во бизнис, имам неколку успешно завршени академии за графички дизајн и 3Д-дизајн, мастер во маркетинг, рекламирање и односи со јавност и сум кандидат за мастер психологија. Самоука сум во дополнителни области како UI/UX дизајн, Content writing и Social Мedia Management and Аdvertising.

Следејќи го моето искуство, би им препорачала никогаш да не испуштат можност да се приклучат кон нешто ново, колку и тоа да изгледа страшно или недостижно. Во време кога сѐ се менува толку брзо, особено во технологијата, како и сите сектори во кои може да се примени истата, секогаш да бидат во тек со најновите трендови, но најбитно од сѐ - да ги следат своите соништа и оној пат што ќе одлучат да го чекорат, да го чекорат со исполнетост и задоволство.

(Комерцијална објава)