На пилотот му било досадно, па со авионот „напишал“ порака на небото

На пилотот му било досадно, па со авионот „напишал“ порака на небото

Пилот испиша порака „досадно ми е“ на небото во текот на двочасовниот пробен лет во Британија.

Авионот на „Рејвенер“ полетал од Ливерпул пред да лета околу полуостровот Вирал, Чешир и Северен Велс, според податоците од веб-страницата за следење летови „Флајтрадар24“.

Со својата патека испишал букви што го формираат англискиот израз „I'm bored“, што на македонски значи „досадно ми е“.

Од авиокомпанијата соопштија дека инструктор по летање, на возраст меѓу 20 и 30 години, го зел авионот „пајпер томахавк“ за пробен лет откако бил заменет дел од авионот, кој потоа повторно слетал во Мерсисајд.

- Мислам дека на пилотот буквално му било малку досадно бидејќи тоа беше само пробен лет. Имајте предвид дека летањето беше прилично вешто - изјави менаџерот за операции Вејн Барет.

Како што додаде тој, на авионот требало да му се замени цилиндар, а кога ќе се случи тоа, авионот се носи на пробно возење за да се осигури дека сè е во ред.

- Му било малку досадно, но веројатно на крајот морал многу да се концентрира за да ги испише зборовите, па веројатно му било сè само досадно не. Не е во неволја, но привлече големо внимание - истакна Барет.

Според него, авионот е безбедно вратен во хангарот, а пилотот добил слободен ден.

Извор: 021.rs
Фото: Flightradar/Screenshot