ВИ како совозач - „Гугл мапс“ воведува опција за прашања во текот на возењето

ВИ како совозач - „Гугл мапс“ воведува опција за прашања во текот на возењето

„Гугл мапс“ го интегрира ВИ-асистентот „Џемини“ директно во планирањето на маршрутата.

Последните месеци „Гугл“ постојано ја збогатува својата апликација „Гугл мапс“ со нови функции, а акцент е ставен на вештачката интелигенција. Уште во март започна со воведување на опцијата „Аск мапс“, паметна алатка која го користи „Џемини“ и огромната база на податоци на „Гугл мапс“ за да им обезбеди на корисниците персонализирани препораки и да помогне во откривањето нови места. Но, според најновите сознанија, „Гугл“  подготвува значително поширока и покорисна интеграција на оваа функција.

Како што открива „Андроид ауторити“, анализата на најновата верзија на апликацијата „Гугл мапс“ покажа дека „Гугл“ работи на имплементација на алатката „Аск мапс“ директно во процесот на навигација.

Вештачката интелигенција како совозач


Моментално опцијата „Аск мапс“ е видлива примарно на почетниот екран на апликацијата и во рамките на профилите на специфични локации (како ресторани или музеи). Сепак, новата надградба го носи ВИ-асистентот чекор поблиску до самото патување.

Машинско учење и вештачка интелигенција

Според сознанијата на порталот „Андроид ауторити“ апликацијата ќе почне да го прикажува копчето „Аск мапс“ на самиот крај од прегледот на планираната маршрута. Со кликнување на тоа копче ќе се отвори наменски прозорец за разговор во кој корисниците ќе можат да поставуваат специфични прашања поврзани со нивното патување. На пример, возачите ќе можат да побараат информации за достапноста на паркинг на целта, додека велосипедистите ќе можат да ги проверат знаменитостите покрај маршрутата.

Ограничувања според видот на превоз


Интересен детал од оваа интеграција е нејзината селективна достапност. ВИ-предлозите и копчето „Аск мапс“ ќе се прикажуваат исклучиво кога начинот на патување е поставен на:

Машинско учење и вештачка интелигенција
Возење автомобил
Велосипедизам
Пешачење

За опциите за јавен превоз (како автобус, трамвај или метро), оваа функција нема да биде видлива. Причината за тоа е многу логична – патниците во јавниот превоз не мора да се грижат за логистичките проблеми, како што се наоѓањето и плаќањето паркинг на дестинацијата.

Иако оваа функционалност сè уште не е активна за пошироката јавност, јасно е дека „Гугл“ интензивно работи на нејзиното усовршување. Се очекува компанијата наскоро да започне со постепена испорака на оваа корисна надградба, со што навигацијата ќе стане уште поинтерактивна и поприспособена на специфичните потреби на секој корисник.

Извор: mob
Фото: