Објавена Шангајската листа за 2022 година, во првите илјада нема ниеден универзитет од Македонија

Објавена Шангајската листа за 2022 година, во првите илјада нема ниеден универзитет од Македонија

На новата Шангајската листа на најдобрите универзитети во светот нема ниеден универзитет од Македонија, но во првите илјада нема ниту универзитети од Бугарија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина...

И оваа година најдобрите места ги зазедоа претежно американски универзитети, со тоа што првите десет места на листата ги зазедоа 8 американски и 2 британски универзитети.

На првото место се наоѓа американскиот универзитет „Харвард“, на второто британскиот „Кембриџ“, а на третото Технолошкиот институт во Масачусетс, попознат како МИТ.



Од земјите од регионот, Универзитетот во Загреб, Хрватска, е рангиран од 401 до 500 место. Од Грција на листата има 4 универзитети, од кои најдобро рангираниот е од 301 до 400 место. На листата се најдоа и два српски универзитета, еден од Словенија и 11 од Турција.

Хрватска:

Грција:

Србија:

Словенија:

Турција:

Насловна фотографија: Twitter