Мандела ефектот е најголемата психолошка загатка на 21 век

Мандела ефектот е најголемата психолошка загатка на 21 век

Подготвил: Тамара Гроздановски

Сигурно барем еднаш ви се случило да гледате филм и добро да запомните некоја специфична сцена, а кога после неколку години го погледнете истиот филм, добро познатата сцена не ви изгледа онака каква што сте ја помнеле. Или пак, кога со пријателите евоцирате спомени за случување за кое никој не се сеќава на ист начин?

Ви звучи познато?

Станува збор за Мандела ефектот.

Мандела ефектот за првпат го опишала блогерката Фиона Брум во 2010 година зборувајќи за своето искуство од една конференција. На таа конференција се сретнала со група на луѓе со слични сеќавања што ги имала и таа. Имено, според нивното сеќавање, Нелсон Мандела, јужноафриканскиот револуционер и политичар, починал во затвор во средината на 80-тите години. Нејзините соговорници тврделе дека живо се сеќаваат на вестите, насловите и исечоците, додека една од тие луѓе тврдела дека дури и во живо го следела телевизискиот пренос од погребот и потресниот говор на вдовицата на Мандела. Но, чудно е тоа што Нелсон Мендела, во тој момент бил жив.

Ова не е единствен случај за лажно сеќавање за смрттта на Нелсон Манделеа. Милион луѓе низ светот го потврдиле сеќавањето на Фиона Бруми, а смртта на Мандела била запишана и во една книга за јужноафриканската историја каде пишува дека Мандела починал во 1991 година, 22 години пред неговата вистинска смрт во 2013 година.

Ваквите примери од Мандела ефектот се присутни и во современата поп-култура, а нивната листа секојдневно расте. Ова се некои од нив

Кога некој ве праша што вели злобната маќеа на Снежана кога му се обраќа на огледалото во популарниот Дизни цртан, што би рекле? Веројатно: -Огледалце, огледалце на ѕидот... (Mirror, mirror on the wall). Всушност, злобната кралица никогаш не го кажала тоа. нејзиното обраќање до огледалото е: -Волшебно огледало на ѕидот (Magic mirror on the wall).



Мандела ефектот не го заобиколи ни малиот пријател на Волт Дизни. Мики Маус, омилениот лик од детството на милион луѓе од целиот свет, носи црвени пантолончиња со трегери закачени за две копчиња?

Размислете уште еднаш. Мики навистина носи црвени пантолони со копчиња, но нема трегери.

maus
Фото: Profimedia

За обожавателите на филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“, сигурно е позната сцената во која инспекторката Кларис за првпат го посетува Лектор. Оваа култна сцена, го добила овој статус поради посебниот тон со кој Ханибал ја поздравува Кларис:

-Здраво, Кларис (Hello, Klarice). Оваа реплика често е мета на пародии. Љубителите на филмот отишле толку далеку што испечатиле и носат маици со натписот „Здраво, Кларис“. Но, Мандела ефектот овде се јавува во полн сјај. Ханибал во цел филм не изговорил ништо слично, а инспекторката ја поздравува со едноставно добро утро.



Теоретичарите на завери нудат различни решенија во вид на паралелни светови, масонски здруженија и патувања низ времето. Без разлика дали се вистинити или не, понекогаш е подобро да не се бара решението.

Психолозите го објаснуваат Мандела ефектот низ меморијата и влијанието на општеството - особено лажното помнење. Ова подразбира погрешно потсетување на случувањата или искуствата што не се случиле или изобличување на постоечките сеќавања. Потсвесното создавање измислени или погрешно интерпретирани сеќавања се нарекува конфабулација. Ова е дополнување на празнината во сеќавањето со измислени детали и фиктивни епизоди односно раскажување измислени, фантастични приказни како да се вистински. Во секојдневниот живот конфабулацијата е релативно честа.

Некои конфабулациски сеќавања имаат очигледна релација со реалните случувања од минатото на човекот, додека другите тешко се поврзуваат бидејќи може да содржат елементи од разговори што се воделе со некој, вести што се слушнале на медиумите или се прочитале.

Кога станува збор за Мандела ефектот многу примери се припишуваат на таканаречените „шематски грешки“. Шемите се организирани „пакети“ на знаење кои управуваат со сеќавањата. Тие го олеснуваат материјалот за разбирање, но можат и да предизвикаат дисторзија.