Најцитираниот научник и прва жена што станала член на Националната академија за инженерство на САД е од Србија

Најцитираниот научник и прва жена што станала член на Националната академија за инженерство на САД е од Србија

Подготвил: Билjана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Србинката Гордана Вуњак-Новаковиќ е првата жена што станала член на Националната академија за инженерство на САД. Таа е професор по биомедицинско инженерство и медицински науки на познатиот Универзитет „Колумбија“ во Њујорк.

Новаковиќ е меѓу првите во светот според индексот на цитираност и тој изнесува 116, додека, колку за споредба, индексот на цитираност на Стивен Хокинг е 118. Србинката со нејзиниот тим од научници од универзитетот направила срцев мускул од матични клетки кој работи како срцев мускул на возрасен човек, што претставува револуција во медицината.

Српската научничка е член на Њујоршката академија на науките, а е член и на Европската академија, Српската академија на науките и уметностите, Националната академија за техника, Националната медицинска академија и на Националната академија на иноваторите.

Новаковиќ е активна во биоинженерството и хемиското инженерство и тоа благодарение на големиот придонес во култивацијата на ткиво за примена во регенеративната медицина. Процената на таквите придонеси се базира на нивното влијание врз поширока област на науката, инженерство и медицина, а главно се мери со број на цитати. Новаковиќ зад себе има повеќе од 100 истражувачки проекти и 44 патенти.

- Професорот Драгољуб Вуковиќ, кој ми беше ментор и ме „истера“ во Америка за да учам биоинженерство, секогаш ми велеше: „Само работата никој не може да ти ја одземе“. И имаше право. Јас верувам во работата која, ако навистина ја сакате, не е ни товар ни жртва, туку природна состојба. Многу научив на мојот технолошки факултет, продолжив да учам и така ќе биде сè додека сум активна - истакна пред неколку години оваа научничка.