Град Скопје ќе стипендира 25 средношколци со попречености

Град Скопје ќе стипендира 25 средношколци со попречености

Град Скопје објави јавен повик за доделување стипендии на средношколци со попречености, ученици во средните училишта на Град Скопје за учебната 2020/2021 година.

- Врз основа на условите и критериумите утврдени со Правилникот за доделување стипендии на средношколци со попречености, ученици во средните училишта на Град Скопје, ќе се стипендираат 25 ученици со попречености од средните училишта на Град Скопје - се наведува во соопштението.

Висината на стипендијата за еден ученик ќе изнесува 3.000 денари месечно (нето-износ), во времетраење од 9 (девет) месеци за учебната 2020/2021 година.

Пријавите треба да се достават до Град Скопје преку пошта на адреса: бул. „Илинден“ бр.82, 1000 Скопје, или во Архивата на Градот Скопје (барака 16), најдоцна до 24.09.2020 година до 19:00 часот на последниот ден од завршувањето на Јавниот повик, со назнака: за „Јавен повик за доделување стипендии на средношколци со попречености, ученици во средните училишта на Град Скопје“.

Пријавите се доставуваат во затворен и запечатен коверт, без означување на апликантот кој ја поднесува пријавата. Неуредните пријави што не се доставени на начин како што се бара во горенаведниот текст, односно содржат нецелосни податоци и некомплетна документација, како и тие што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да се разгледуваат, напоменуваат од Град Скопје.

Списокот со избраните кандидати ќе биде јавно објавен на веб-страницата на Град Скопје www.skopje.gov.mk.

ТУКА можете да го прочитате целиот конкурс, а ТУКА можете да преземете дел од документите потребни за аплицирање.