Научници сакаат да го вратат во живот изумрениот волнен мамут

Научници сакаат да го вратат во живот изумрениот волнен мамут

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Сигурно сте слушнале за стартапи кои прават компјутерски чипови, дронови или социјални мрежи. Еден стартап наречен „Колосал“ (англ. Colossal) има различна цел: да го врати во живот изумрениот волнен мамут до 2027 г. користејќи ја технологијата за уредување гени КРИСПР.

Поточно, планот е да се вратат некои генски карактеристики на изумрениот мамут, како малите уши во слоновите, создавајќи хибридно животно. Основачи на компанијата се претприемачот Бен Лем и професорот Џорџ Чрч од медицинскиот факултет при „Харвард“.


Фото: Wikipedia/Thomas Quine

Главната цел на компанијата е да го врати волнениот мамут за тој повторно да живее на Арктикот. Според планот, првите бебиња треба да бидат родени во следните 4-6 години. Компанијата, со седиште во Далас, досега собрала 15 милиони долари, а во неа работат 19 лица.

Според Лем, компанијата се фокусира на зачувување на видовите и заштита на биодиверзитетот. Со враќање на волнениот мамут може да се зачува генскиот печат на азиските слонови кои сега се загрозени, пишува „Си-нет“.

Компанијата планира да го врати и волнениот носорог, кој е роднина на загрозениот суматриски носорог.

Извор: Cnet