Пациенти со рак мора да чекаат за преглед поради погребот на кралицата

Пациенти со рак мора да чекаат за преглед поради погребот на кралицата

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Еден Британец се пожали на „Твитер“ дека прегледот на дојка на неговата сопруга бил одложен поради погребот на кралицата Елизабета Втора.

Кралицата почина на 8 септември, на 96-годишна возраст. Нејзиниот погреб ќе се одржи на 19 септември. Овој ден е прогласен за неработен во целата земја.

Порано тоа, Мет на „Твитер“ напиша дека веројатно сите прегледи и операции на пациенти со рак се одложени бидејќи и прегледот на неговата сопруга бил одложен. Сопругата добила нов датум за преглед по еден месец.



- Сигурен сум дека ќе биде добро, но тоа чекање речиси сигурно ќе чини животи. Ова е безобразност во име на монархијата - напиша тој.

Објавата на „Твитер“ предизвика многу реакции, а во коментарите дел од корисниците пишуваат дека проблемите се поради недостиг на вработени во здравствените установи. Има и такви што сметаат дека болниците треба да функционираат нормално на денот на погребот.

Во меѓувреме, чекањето за преглед во Велика Британија било рекордно долго во јули, кога над 6,8 милиони луѓе чекале за преглед. Од нив над 377.000 лица чекале за преглед една година.

Извор: Independent
Насловна фотографија: Pixabay