Дали сте слушнале за антиселфи-семафори? Тие постојат и еве за што служат
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
И додека во Италија се планира да се воведат семафори со бело светло за автономните возила, се појави потреба од антиселфи-семафори.
Овие уреди се инсталирани за да се избегнат метежите предизвикани од туристите кои застануваат на планинските патишта за да се фотографираат сами, своите најблиски или едноставно пејзажот.
На некои планински патишта, кои минуваат покрај панорамски точки, вообичаено е возачите да се обидат да застанат за да направат совршена фотографија. На луѓето што живеат во тој мал дел од Италија им здодеа од туристите кои прават метеж во потрага по најдоброто селфи, па властите одлучија да направат нешто околу тоа. Така, во Пиемонте се поставени антиселфи-семафори на алпскиот пат за да се избегне метеж. Ги има два и се наоѓаат помеѓу Перла и Боарија, на 2.000 метри надморска височина.
Тие, всушност, работат многу едноставно. Се проценува дека меѓу семафорите должината на патот трае околу 20 минути и тоа е сосема доволно да се вози таа делница во близина на познатата Вија дел Сала, па дури и накратко да се застане и да се фотографира. Но, зеленото светло на тие семафори трае 10 минути, додека црвеното трае 50. Значи, доколку возачите доцнат на другиот семафор, треба да чекаат нецел час за да го продолжат своето патување, што некако не им се исплаќа.
Иако треба да платите еден вид патарина за да можете да патувате на Вија дел Сале, бројот на возила што поминуваат на овој пат во последните години не престанува да расте. Некои сметаат дека овие мерки не се доволни и се за затворање на оваа делница за сообраќај.
Извор:
Lolamagazin.com
Фото:
Facebook