Гледачите одлучија која ТВ-серија има најлош крај на сите времиња
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Ново истражување ги идентификува најлошите краеви на ТВ-серии во историјата.
Објавени се резултатите од истражувањето за тоа која ТВ-серија го има најлошиот крај на сите времиња.
Истражувањето направи споредба меѓу просечните оцени на епизодите со оцените за последните епизоди на „IMDb“. Серијата „Куќа од карти“ се најде на 1. место. Последната сезона од оваа серија беше објавена по заминувањето на Кевин Спејси поради обвинувања за сексуална злоупотреба. Последната епизода, која се емитуваше на 2 септември 2018 година, доби 2,6 од 10 на „IMDb“, што е за шокантни 55 отсто помалку од просечната оцена на епизода која е 8,1.
Даг Стампер ѝ признава на Клер Хејл дека го отрул нејзиниот сопруг Френк Андервуд откако дознал дека планира да ја убие. Потоа Клер го избоде до смрт Даг. Многу гледачи изјавија дека се разочарани од епизодата.
На 2. место се најде манга-серијата „Ветената Недојдија“. Во последната епизода, која беше објавена на 26 март 2021 година, главниот лик Ема го жртвува споменот на своето семејство за демоните да не ги изедат нејзините деца. Додека просечната епизода беше оценета со 8/10 на „IMDb“, финалето беше оценето со 2,8.
На 3. место се најде крајот на серијата „Игра на троновите“, објавена на 19 мај 2019 година. Додека серијата имаше висока просечна оцена од 8,8, финалето доби 4.
Последната епизода заврши со очекуваната смрт на Денерис Таргариен, крунисувањето на Бен Старк и симболичното уништување на Железниот трон.
Извор:
Tribune.com.pk
Фото: Freepik