Неверојатна мапа на животниот век открива кои познати личности живееле во ист период од историјата
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Ако некогаш сте размислувале со која позната личност, жива или мртва, би сакале да вечерате, веројатно сте сонувале и да го поврзете вашиот живот со легендите кои ја обликувале историјата.
Фасцинантната визуализација на податоци наречена „Големата карта на тоа кој кога живеел“, создадена од еден редит-корисник, ја оживува токму оваа идеја: го прикажува животниот век на историските и современите личности во временска рамка, откривајќи изненадувачки врски и преклопувања на луѓето што живееле во исто време.
Мапата користи систем за кодирање на бои за да ги подели познатите фигури во седум категории: уметници, бизнис и индустрија, забавувачи, спортисти, писатели и лидери и „лоши личности“. Исто така, ги истакнува специфичните настани и епохи во друга боја, нудејќи фасцинантна перспектива на историското преклопување на поединците.
Кликнете на фотографијата за поголема резолуција/ Фото:
Reddit
На пример, дали знаевте дека сликарот Клод Моне (1840-1926) живеел во исто време кога живеела и Амелија Ерхарт (1897-1937), пилот и писателка. Моне починал 11 години пред Ерхарт да исчезне над Тихиот Океан во 1937 година, а во 1939 година била прогласена за мртва. Дополнително, интересно е да се види дека сегашниот претседател на САД, Џо Бајден, и режисерот Мартин Скорсезе се родени во 1942 година. И Чарли Чаплин (1889-1977) и Адолф Хитлер (1889-1945) се родени со разлика од само четири дена.
Друго понејасно преклопување открива дека Џ. Р. Р. Толкин (1892-1973), автор на „Господарот на прстените“, ќе се совпаднел за малку со раперот Еминем (роден 1972 година). И, фасцинантно е да се потсетиме дека истражувачот Колумбо (1451–1506), уметникот Леонардо да Винчи (1452–1519) и теологот Мартин Лутер (1483–1546) биле живи во исто време.
Мапата нагласува значајни периоди како што се добата на откривањето и добата на просветителството, прикажувајќи ги влијателните поединци што ги обликувале овие епохи. Тоа нагласува како овие мали групи имале значително влијание во текот на нивниот живот. На пример, изгубената генерација, составена од култни писатели и поети како Ернест Хемингвеј, Гертруда Стајн и Ф. Скот Фицџералд, оставила траен белег во литературата и културата.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Reddit