Најголемиот 3Д-печатач на светот го направи најголемиот брод испечатен со оваа технологија

Најголемиот 3Д-печатач на светот го направи најголемиот брод испечатен со оваа технологија

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Центарот за напредни структури и композити при Универзитетот во Мејн, САД, испечати брод долг 7,62 метри и тежок речиси 2.300 килограми, што е најдолгиот предмет што некогаш бил испечатен. Тоа на колеџот му донесе награди за три Гинисови рекорди.

Наградите се за најголемиот прототип на полимерен 3Д-печатач, за најголемиот цврст предмет испечатен со 3Д-печатач и за најголемиот брод што некогаш бил испечатен со 3Д-печатач.

3Д-печатачот е дизајниран да печати предмети долги до околу 30 метри, широки до околу 6,7 метри и високи до околу 3 метри и може да печати околу 230 килограми на час.

- Како што видовме денес, Центарот направи современо истражување, поради кое Мејн е горд и ова ќе донесе работни места во нашата сојузна држава. Нивната работа, како бродот и 3Д-печатачот кои дојдовме да ги видиме, има импресивен потенцијал да го промени начинот на кој ги правиме нештата од секаков материјал. Денес е денот кога се соборени три Гинисови рекорди, но и денот кога се слави иновација која ќе помогне во заштитата и создавањето на добро платени работни места во Мејн во областите на производството и индустриите кои се темелат на црпење материјали од шумите - истакна Џаред Голден, член на Претставничкиот дом на САД.

Погледнете го ова кратко видео за да видите како работи импресивниот печатач.